Sparkasse и smladi.mk со конкурс за најкреативно лого!

S-mladi-1.jpg

Шпаркасе Банка Македонија денеска го пишти во употреба новиот сајт за млади www.smladi.mk.

Современо, во вистински момент, поинакво, динамично и корисно за тебе! Имајќи ги предвид овие предуслови, ви го претставуваме вашиот нов омилен сајт! Но тоа не е сè! За почеток започнуваме со суперинтересен конкурс за дизајн на лого на порталот. Дали сте спремни? Ве чекаме со креативни предлози, а најдобриот ќе освои ваучер од 300 EUR од најпрепознатливата туристичка агенција за младински туризам во регионот Rapsody Travel & Events Macedonia, кој ќе може да го искористи за патување на својата следна омилена дестинација. Париз, Барселона или Рим? Да, замислете изборот е ваш!” – се вели во објавата на Фејсбук профилот на Банката.

Во конкурсот учествуваат сите предлози пратени на marketing@sparkasse.mk најдоцна до 20.08.2018 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail