Спасете се од лош здив со овие 9 методи

breath.jpg

Лошиот здив е сигурно една од најнепријатни работи кои може да ги почуствува човек како на свој грб, така и од друг човек. Ова често влијае, како на самодовербата, така и на општествениот живот. Ќе ви претставиме неколку ефикасни начини да се спасите од лошиот здив. Еве кои се тие:

Кисело Млеко

Производ содржи некои живи бактерии кои многу успешно се справуваат со лошиот здив. Ако додадете и малку мед, кој е силен природен антибиотик, ќе добиете ефект, 2 во 1 – ем десерт, ем решение.

Јаболко

Освен што се исклучително здрави како плод, јаболката ја неутрализираат непријатната заостаната миризба од друга храна. Вкусното јаболко ќе ве тонизира и наполни со енергија. Истите квалитети ги поседуваат и крушите, изборот е ваш.

Зелен чај

Зелениот чај содржи многу антиоксиданси и е од корист не само за убавината на кожата, но и за одржување на младоста. Покрај тоа, зелениот чај може да ви помогне да го истерате лошиот здив. Тој содржи катехин – силен антиоксиданс, кој е многу ефикасен во борбата против бактериите во устата.

Солена вода

Солената вода за уста може да биде лесно и ефикасно средство за заштита од лош здив, бидејќи солта брзо ќе ги неутрализира бактериите во устата. Покрај тоа, може да помогне за смирување на чувствителните непца. Едноставно измешајте малку сол во чаша со топла вода и исплакнете ја устата за момент. Осигурете се само да не ја голтнете оваа смеса.

Избегнувајте некои храни

Препорачуваме да стоите подалеку од лук, кромид, кафе и некои зачини, ако ви претстои средба. Покрај тоа, пијте многу вода, бидејќи повеќето бактерии кои предизвикуваат лош здив, сакаат суви места.

Магдонос

Високата содржина на хлорофил во магдоносот вешто го „маскира“ лошиот здив. Не двоумете се да нарачате салата со магдонос или дури едноставно да џвакате неколку листови. Други производи и зачини кои имаат слично дејството како магдоносот се цимет, целер, еукалиптус, коријандер, кардамон и рузмарин.

Витамин C

Покрај тоа што е исклучително корисна за телото и треба да се зема секојдневно во организмот, витаминот е меѓу првите помагачи во борбата со лошиот здив. Смело консумирајте портокали, мандарини, грејпфрут и бобинки.

Стоматолог

И последно по место, но не најмалку важно – ако на лошиот здив не влијае ниту еден од овие совети, проверете дали проблемот не доаѓа од некој расипан заб. Посетувајте се со стоматолог на секои 6 месеци за контролен преглед.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail