Специјалист за диванска книжевност одржа предавање на Катедрата за турски јазик и книжевност

dc6a34cddcdc355994851dd7b6faf2ee_XL.jpg

Доц. д-р Вилдан Џошкун одржа предавање „Основни карактеристики на диванската книжевност и поетеси на диванската книжевност“ пред студентите на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет.

Д-р Џошкун е специјалист за диванска книжевност и доаѓа од Турција. Наставничкиот кадар и студентите беа воодушевени од современиот пристап при анализирање на диванската книжевност и од сознанијата дека и жените во османлискиот период пишувале диванска поезија.

Според доц. д-р Вилдан Џошкун, иако во османлискиот период поетите се доминантни, сепак поезија пишувале 46 поетеси. Најголемиот дел од нив своите лирски чувства ги изразиле во овој вид диванска поезија.

Студентите на Катедрата за турски јазик и книжевност се среќни што имаат можност да се запознаат со новите аспекти на диванската книжевност.

Доц. д-р Вилдан Џошкун доаѓа од Универзитетот „Сакарја“ во Турција. Соработката меѓу двата универзитета и двете катедри за турски јазик и книжевност ќе продолжи во иднина со различни активности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail