СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ

ohridska-banka.png
Охридска банка Сосиете Женерал  е универзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – “Global Finance”, “Euromoney” и  “The Banker”.
Приклучете се кон тимот на работната позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ
Локација: Скопје

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Развој на производи и услуги на банката за население и корпоративни клиенти;
  • Развој и адаптирање на постоечки производи и процедури кои настануваат со еволуција на различните околини (регулаторна, конкурентска итн.);
  • Формулирање документи за техничка продажба и менаџирање на производите кои ќе бидат достапни за мрежата (совети, инструкции, образложенија);
  • Учествува во имплементацијата на маркетинг планот и стратегијата;
  • Учествува при подготовката на рекламни и промотивни материјали за зголемување на продажбата на производи или услуги, работи за клиенти, претставници од банката, продажни деловни единици на банката и маркетинг агенции;
  • Дава предлози за обновување на постоечки производи и развој на нови производи;
  • Учество во истражување на пазарот и ги обновува ценовните листи на производите и услугите, како и предлага измени на производи за население и корпортивни клиенти како одговор на промените во конкурентската средина и пазарната еволуцијата;
  • Истражување на локалниот и меѓународните пазари за одредување на можности за  воведување на нови производи;
  • Оддржување и ажурирање на каматните стапки, упатства, обрасци, формулари, материјали за поддршка на продажбата;
  • Управување со каматните стапки во согласност со внатрешните правила на Банката и процедурите;
  • Иновативни подобрувања на производи или нови иновативни производи / услуги;
  • Поддршка на продажната сила на Банката;
  • Управување, ажурирање и одржување на процедури во соработка со другите дирекции/ служби.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Високо образование од областа на маркетинг, економија или бизнис;
  • Најмалку 2 години претходно работно искуство на исто или слично работно место
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредни познавања на MS Office алатките, особено Excel;
  • Одлични комуникациски вештини
  • Исклучителни интерперсонални вештини и вештини за работа во тим;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови;
  • Искуство со проектен менаџмент;
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат професионална биографија (CV) на македонски и англиски јазик најдоцна до 5ти Февруари 2017 год. на адреса: kariera@ob.com.mk
Со испраќањето на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
  • Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail