Специјалист за управување со производи

telekom.png

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Служба за маркетинг на производи во Област на главниот оперативен директор за деловни корисници

 

Работно место: Специјалист за управување со производи

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:

  • Високо образование – Електротехнички факултет или други технички  факултети,
  • 3-5 години соодветно работно искуство
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Разбирање на деловните процеси

Работни задачи:

  • Подготовка, воведување и управување на говорни, податочни и интернет продукти за деловни корисници,
  • Управување со животниот циклус на производите
  • Подготовка на индивидуални понуди и решенија за деловни корисници
  • Одговорност за приходите од производи под негова надлежност
  • Барање на нови пазарни можности.

Способности и вештини:

Способност за стратешко размислување, напредни аналитички способности, одлични организациски способности и управување со проекти, способност да работи во динамична средина. За предност се смета познавање на портфолио на телекомуникациски производи и услуги за деловни корисници.

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  – Специјалист за управување со производи

Огласот ќе биде објавен на ден 27.02.2017  година и ќе трае  до 03.03.2017

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно,

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  31.726 денари

Висината на платата  ќе биде определена согласно  работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail