Спејс-Икс пушта смртоносна бактерија во Вселената

spej-iks.jpg

Спејс-Икс денеска ќе пушти во Вселената бактерија отпорна на антибиотици што ќе егзистира во услови на микрогравитација на платформата на Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Се работи за смртоносната стафилококна бактерија Staphylococcus aureus (МРСА), којашто при самото споменување предизвикува морници кај луѓето, а реално и црвенило и отоци на кожата, па дури може да ги зафати и коските.

Целта на експериментот всушност е да се забрза мутацијата на бактеријата, што ќе овоможи испитувањата на овој микроорганизам да трае многу пократко отколку досега.

Сознанијата од сето тоа можеби ќе помогнат за поуспешно справување со смртоносните бактерии и поефикасно лекување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail