СпејсЕкс се подготвува за остварување на еден од своите најамбициозни планови

84ca048e0215edc4abfa1ebea4ba77d1-640x427.jpg

Извршниот директор на СпејсЕкс, Илон Маск, објави дека лансирањето на ракетата Фалкон Хеви ќе биде изведено во ноември 2017 година.

Фалкон Хеви претставува поголема варијанта на Фалкон 9 ракетата, која наместо едно ќе има дури три јадра. Висока е 70метри и ќе може да понесе 70 тони товар во орбитата на Земјата.

Според претставниците на СпејсЕкс, ова ќе биде најмоќната ракета направена во САД, после ракетата „Saturn V“ на НАСА од ерата на Аполо мисиите.

СпејсЕкс планира да ги употреби и да ги рециклира сите три јадра на ракетата, иако нема да се обиде тоа да го направи  при првото лансирање. Но, кога тоа ќе се случи, на Земјата најбрзо ќе се вратат споредните јадра, додека централното јадро прво ќе однесе товар во вселената.

Ракетата ќе биде лансирана од платформата 39А, од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА, истата која е користена и за мисијата Аполо 11.

Сепак, Илон Маск ги намали очекувањата во врска со успешноста на првиот лет на ракетата.

„Постојат големи шанси Фалкон Хеви да не стигне до орбитата.Се надевам дека ќе стигне доволно далеку за да не предизвика оштетување на платформата.Да бидам искрен и тоа би го сметал за успех“ – изјавил Маск.

извор: enauka.mk
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail