Спиење подолго од девет часа можат да значат Алцхајмер

almejherova-bolest.jpg

Ако спиете повеќе од девет часа во текот на ноќта, тоа може да биде знак за Алцхајмерова болест. Научниците открија дека луѓето кои редовно долго време поминуваат во кревет имаат два пати поголем ризик да се разболат и да почнат да страдаат од деменција во следната деценија од животот. Промените во навиките кои се однесуваат на спиењето се „црвено светло” за Алцхајмеровата болест, бидејќи укажуваат на тоа дека мозокот претрпел штета.

Истражувачите откриле и тоа дека лица кои спијат подолго од девет часа имаат помал обем на мозокот, потребно им е подолго време да ги процесуираат информациите и покажуваат знаци на губење на памтењето.

„Водењето на записник за должината на спиењето може да биде корисна клиничка алатка да се предвиди дали лицето има ризик од развој на клиничка деменција во следните 10 години. Посебно предупредувачки знаци се долгото спиење, проблемите со размислувањето и памтењето” – рече др. Метју Пејс од Универзитетот Бостон.

Во студијата се истакнува и дека лицата кои зборуваат подолго и „се губат” во говорот, имаат зголемен ризик од Алцхајмер. Кога некој ќе почне да го губи чувството за мирис, тоа е исто така предупредувачки знак.

Во истражувањето учествуваа лица на возраст од околу 70 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail