Спиењето на предавања ќе се третира како психичко пореметување

ewgmqs2tmji-1024x683.jpg

Спиењето на предавања датира уште од минатото кога учениците или студентите поради мал умор заспиваат на предавање. Но, таа пракса не престанува ниту кога стануваат студенти, па имаат навика да спијат на предавања. Затоа на некои британски факултети, спиењето на предавања ќе се третира како психичко пореметување.

Целоноќното учење или забавување може да придонесе студентите да ги затворат очите и да се одморат за време на предавањето.

Новата академска година на Buckingham Univerzitetu донесе и нов план: сите вработени ќе имаат тренинг кој ќе им помогне да откријат дали студентот се бори со некаков стрес. Дее Бункер, главната жена која е задолжена за квалитетно живеење на студентите вели дека на тренингот вработените ќе научат како да ги препознаат знаците и симптомите на депресија кај студентите.

Вработените ќе треба да реагираат ако видат дека студентот спие во текот на предавањето бидејќи тоа може да биде знак за психичко пореметување. Една од причините може да биде несоница предизвикана од депресија. Госпоѓа Бункер вели дека со ова ќе им се овозможи на вработените да им помогнат на студентите и да ги прашаат дали им треба помош.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail