Спиењето со чорапи има позитивни ефекти за целото тело

cor.jpg

Разни студии докажуваат дека спиењето со чорапи има здравствени предности.

Добриот сон е од суштинско значење за секој човек, бидејќи во текот на сонот се одвиваат регенеративните процеси, кои се неопходни за ревитализација и здравје.

Чорапите придонесуваат за поголема топлина на нозете, која пак е одговорна за ширењето на крвните садови, а потоа се испраќаат сигнали до мозокот дека е време за спиење.

Го спречува ноќното потење

Чорапите помагаат во регулација на телесната температура, додека самото тело го спроведува процесот на разладување. Со овој тип контрола се спречува ноќното потење, кое влијае на спиењето.

Помага при Рејнова болест

Рејновата болест е состојба кога ги погодува крвните клетки, па поединецот има претерана реакција на ниска температура, која може да доведе до рани и некроза на ткивата. Бидејќи со чорапите се регулира телесната температура, може да се избегнат последиците од Рејновата болест.

Ги ублажува проблемите со сувата кожа

Покрај тоа што естетски не изгледа добро, разранетите суви стапала се проблеми кои најчесто ги имаат луѓето кои имаат сува кожа. Нанесувањето на крем и облекувањето на памучни чорапи пред спиење, придонесува за ублажување на проблемите со сувата кожа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail