Спинерот е играчка која е опасна за децата !

landscape-1495035458-spinner.jpg

Ако и вашето дете си игра со популарната играчка спинер, ова би требало да го знаете…

Спинерот е всушност играчка наменета за деца НАД 10 ГОДИНИ, а првично е измислена за деца со дијагноза ADHD, за да ги смири и да ги ослободи од стрес, но и да им помогне околу концентрацијата, но денес милиони деца ширум светот буквално се „заразени“ со оваа хит играчка.

Деновивте на социјалните мрежи се огласија неколку мајки кои предупредуваат дека спинерот навистина многу ги чине по здравјето на нивните деца. Една мајка од Америка објавила слика од рентген снимка од градите на нејзината ќерка, која завршила на итна операција откако проголтала еден диск од спинерот, кој многу лесно се вади од него.

Друга, објавила слика на која се гледа дека нејзиното 5 годишно дете при играње со спинерот го заглавило прстот во еден од отворите кои тој ги има.

Навидум бесопасна, оваа играчка може навистина да им наштети на вашите најмили. Затоа, обрнете внимание на тоа како вашето дете игра со спинерот, објаснете му што може да се случи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail