Според британски „Телеграф“, Скопје Европска дестинација која задолжително треба да се посети

skopje.jpg

Угледниот британски весник „Телеграф“ го смести Скопје во групата на 21 европски град којшто не е позната и извикана туристичка дестинација, но дефинитивно заслужува да се посети. Одличната храна, богатата култура и неверојатните локации и глетки се главната причина, според „Телеграф“, туристите да застанат и барем еден викенд да поминат во Скопје.

– Со своите бројни амами, испреплетените камени улички и пазарите за храна со неверојатна атмосфера, Скопје е еден од источноевропските градови во кои вреди да застанете и кој ќе ви направи голема разлика – пишува британски „Телеграф“. Освен македонската метропола, на листата на весникот се најдоа и дваесет други градови.За сите нив, „Телеграф“ пишува дека се градови со неверојатен шарм, но без вообичаениот туристички метеж карактеристичен за познатите туристички дестинации.

Во продолжение е комплетната листа на „Телеграф“ на неизвикани дестинации кои годинава туристите треба да ги посетат.

– Бергамо, Италија
– Скопје, Македонија
– Тревизо, Италија
– Тбилиси, Грузија
– Сеговија, Шпанија
– Виторија – Гастеиз, Шпанија
– Тавира, Португалија
– Осјек, Хрватска
– Умеа, Шведска
– Нант, Франција
– Брегенц, Австрија
– Сион, Швајцарија
– Гимареш, Португалија
– Лубек, Германија
– Вроцлав, Полска
– Пловдив, Бугарија
– Трст, Италија
– Архус, Данска
– Брага, Португалија
– Егер, Унгарија
– Марибор, Словенија

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail