Според овој критериум Источна Европа е многу побогата од Западна

bukurest.jpg

Според податоците, околу 95% од романските државјани ги поседуваат своите домови, што е двојно повеќе од процентот во Германија, каде газди на своите домови се едвај 49,8% од граѓаните.

Притоа, во Романија, сопствениците на домовите се на возраст од 55 до 64 години. Просекот на ниво на ЕУ изнесува 70,6% на куќи кај државјани, а само 30% отпаѓа на странци.

Според статистиката на „Евростат“, во другите земји од регионот на Централна и Источна Европа , исто така, има високи стапки на сопственост: 89,9% во Хрватска и Литванија и 89,5% во Словачка.

Ниски стапки се забележани во Данска, Австрија и Франција каде сопственици на куќи се 58,6%, 62%, односно 63,4% од граѓаните.

Според анализите, високите стапки на сопственост на домови, истовремено создаваат густа населеност и пренатрупани домови во коишто живеат речиси половина од вкупното население во Романија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail