Срби масовно одат на работа во Алјаска – чистат риба, а месечно се заработувало и до 5.000 долари

aljaska.jpg

Чистењето риба на Алјаска за Србите стана еден од најпопуларните начини за кратко врее да дојдат до добра заработка. За три месеци може да се заработат од 7.000 до 12.000 долари, во зависност од тоа каква е сезоната на улов на риба, пишува „Телеграф“.

Иако звучи примамливо, а и не е комплицирано за пријавување и за заминување на работа, треба да се напомене дека се работи од 12 до 16 часови дневно, без слободен ден, па оваа работа е само за тие што се ментално силни и доволно мотивирани да издржат до крај.

– Повеќе од 1.000 луѓе секоја година одат да работат на Алјаска, било во летна или зимска сезона или, пак, во двете. Одат и мажи и жени. И речиси сите повторно конкурираат и се враќаат и следната година. Кога има многу улов се работи и по 16 часа на ден. Тоа може да трае и 10-15 дена. Но, потоа 10-15 дена може ништо да не се работи. Работодавецот обезбедува и четири оброци дневно и ужини. Сите кога ќе се спомене Алјаска мислат дека таму е – 50 Целзиусови степени. Лете темпертурата е од пет до 20 степени – вели Миленко Јагодиќ (30) од Бачка Паланка, кој се подготвува трета сезона да оди на работа на Алјаска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail