Сребрен медал за „Шато Сопот“ на меѓународниот натпревар „Concours Mondial de Bruxelles“

Srebren-medal-za-SHato-Sopot-na-megjunarodniot-natprevar-Concours-Mondial-de-Bruxelles.jpg

Сребрен медал за „Шато Сопот“ на меѓународниот натпревар „Concours Mondial de Bruxelles“

По серијата меѓународни признанија во последниве години, „Шато Сопот“ ја продолжува 2020-та година со уште една значајна награда на престижен меѓународен вински натпревар. Виното „Cabernet Sauvignon – Merlot – Shiraz“ од бербата 2017-та се закити со сребрен медал на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“ кој оваа година се одржа во Брно, Чешка, од 4-6 септември.

По златната плакета за Вранецот од бербата 2017-та, ова е уште едно признание за вината од оваа винарија. Каберне Совињон е една од носечките сорти во „Шато Сопот“ и оваа плакета ќе биде поттик за афирмација и на другите вина од оваа сорта грозје.

8.500 вина од 46 земји од светот се натпреваруваа оваа година на 27-то издание на „Concours Mondial de Bruxelles“. Вината беа оценувани од 250 дегустатори од 30-тина земји со различен профил како сомелиери, купувачи и увозници на вино и специјализирани вински новинари.

Доделени се медали на вина од 40 различни земји. На врвот, со најголем број признанија стои Франција (570), следена од Шпанија (495), Италија (363) и Португалија (306). Шест вина на три македонски винарии добија златни и сребрени медали.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail