TSU_0031.jpg

За време на својата посета на Универзитетот Аристотел од Солун, ректорот Коруновски беше примен од својот колега Николаос Папајоану. На средбата со ректорот Папајоану и неговите соработници учествуваше и проф. Григорис Заротиадис, декан на Факултетот за економски и политички науки.

Оваа прва средба помеѓу ректорите на двата универзитети кои имаат потпишано договор за билатерална соработка во септември 2016 година претставуваше можност за размена во повеќе теми од заеднички интерес. Акцентот беше ставен на проектната соработка- тековната, заради фактот што универзитетите зад себе имаат позитивни искуства од соработката во рамките на европските програми – ТЕМПУС, ЕРАЗМУС+, ИПА… во кои во повеќе наврати биле и се успешни партнери, но и за идната проектна соработка повторно во рамките на етаблираните европски програми за кои веќе се објавени повици и течат рокови за аплицирање.

Универзитетот Аристотел ја дава целосната поддршка на актуелната иницијатива за членство на УКЛО во рамките на Европската групација за територијална соработка (E.G.T.C) односно Холистички ефикасни локални иницијативи за соработка и синергија (HELICAS) со што би се зајакнала територијалната соработка со посебен фокус на економската и социјалната кохезија, сорботката во проекти, програми и слични активности.

Ректорите Коруновски и Папајоану, ја заклучија оваа пријатна средба со иницијатива, во пролетта 2020 година, во Битола, да се потпише Договор за продолжување на соработката.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail