Средношколци бараат работа за да платат за екскурзија на другарите

sredna-skola.jpg

Ученици од Средното медицинско училиште во Сараево организирале работна акција со назив „Екскурзија 2017“, со цел да им помогнат на своите врсници кои финансиски не се моќни да платат за екскурзија.

Во својот апел до сите компании и работодавци, учениците порачале дека се подготвени да работат и да заработат и ги повикуваат да ги ангажираат за да соберат пари и сите заедно да одат на екскурзијата што средношколците ја очекуваат со месеци.

– Подготвени сме на разни активности како што се чистење на паркови, приватни дворови, перење на садови во ресторани, делење на анкетни ливчиња, рекламирање производи, анимација на деца во домови, болници и на приватни родендени и секоја друга работа што ќе може да ни овозможи средства со кои ќе им платиме на нашите другари за екскурзија – стоело во апелот на средношколците.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail