Средношколци направија електричен скутер од инвалидска количка за лицата со попреченост

srednoshkolci-e1543356481897.jpg

Преку трансформација на инвалидска количка во електричен тротинет, ќе им помогнат на лицата кои им е потребна во секојдневните активности на училиште, рекреативни центри и паркови, болници и рехабилитациони центри и институции, како и поголема пристапност до други активности во општеството.

Иновативен камп  е еднодневен настан на кој учениците работат во тимови за да најдат решение за поставениот бизнис предизвик. Тие преку пристап до интернет и технологија, експертска помош од бизнис волонтери го користат своето знаење, применувајќи претприемачки вештини итимска работа за да најдат иновативни одговори за предизвикот.

Натпреварот опфати 22 средни училишта од 13 града од целата територија на Македонија.  Учествуваа 110 средношколци и нивните ментори-наставници од Скопје, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Прилеп, Кочани, Берово, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Струмица и Велес, додека околу 22 бизнис волонтери помогнаа за подобра тимска работа и постигнување подобри резултати  на натпреварот. Учениците имаа можност да се запознаат преку низа тимски активности и да го покажат своето знаење во областа на претприемништвото пред 5 членото жири.

Во рамки на програмата, како една од главните цели, Џуниор Ачивмент Македонија ќе ја продолжи поддршката за младите при стекнување практично искуство на учениците за водење бизнис и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиска контрола, потребни за успешно водење на  економијата во земјата.

извор: радио моф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail