Средношколци од Ниш осмислија смеса што помага земјата да ја задржува водата до 15 дена

ucenici.jpg

Средношколци од Ниш осмислија смеса што помага земјата да ја задржува водата до 15 дена, ги задржува сите хранливи материи и ги штити растенијата, пишува српски Блиц.

Овој изум го намалува времето што е потребно за одгледување на растенијата, бидејќи го минимизира количеството на вода за полевање.

“Ги гледавме растенијата во саксиите во училиштето. Земјата беше истрошена и сува, па растенијата мораше да се полеваат секој ден. Потоа, дојдовме на идеја да направиме смеса што ќе овозможи земјата да остане влажна и до 15 дена, а истовремено да ги задржи сите хранливи состојки. Така настана нашиот производи – Hidrosoil“, вели Алекса Пешиќ, ученик во нишката гимназија.

Смесата што ја осмислија учениците содржи хидрогел, вештачко ѓубриво, минералот зеолит и хумус во точно утврдени пропорции.

“Хидрогелот може да прими вода и до 100% од својата тежина и да останел влажен и до две недели. Зеолитот го штити коренот на растението и ја регулира киселоста на земјата, а вештачкото ѓубриво го храни. Сето тоа е помешано со квалитетен хумус.

За да ја одредиме точната пропорција, се консултиравме и со агроном со којшто соработуваме“, додава Пешиќ.

Оваа смеса може да се користи и во домашни услови, но и на јавни површини или ораници.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail