Средношколки направија генијална сламка за пиење која детектира дроги во пијалакот

Бројот на силувани девојки и жени постојано расте во целиот свет и покрај разните преземени мерки. Три средношколки од САД се надеваат дека ќе успеат да го намалат бројот на нови шртво со својот навидум едноставен, но ни најмалку наивен изум – сламка за пиење.

Викторија Рока, Сузана Капело и Каролина Баигори од Мајами, Флорида креираа уникатна генијална сламка за пиење во текот на часовите по претприемништво. Тие ја дизајнирале сламката да детектира дали пијалакот кој сте го нарачале или ви го купиле има дрога во него или не.

„Како млади жени ова е проблем за кој многу често слушаме, особено во средните училишта“ велат девојките. Според статистиката, силувањата кои се случиле за време на состанок се најчести. Најголем број од нив се случуваат кај студентите под дејство на алкохол или консумација на дрога. Една од најтаргетираните групи се девојки на возраст од 16 до 24 години.

Иновативната сламка може да детектира дали во пијалакот има една од најпопуларните таканаречени „дроги за силување на состанок“: рохипнол, GHB и кетамин. Крајот на сламката посинува доколку во пијалакот има дрога. date rape straw2

Моментално се работи на панентот за сламката, по што девојките ќе можат да го рекламираат и да го продаваат својот производ. За да се финансира производството веројатно ќе стартуваат и кампања за групно финансирање.

„Знаеме дека ова не е конечно решение и нема да го спречи силувањето, но се надеваме дека ќе се намали бројот на силувања и опасните ситуации во кои можеме да се најдеме кога сме под дејство на дрога“, велат младите иноваторки.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail