Средношколки од Гевгелија освоија второ место на натпревар “Туристички пазар“ во БиХ

slatko.gif

Ученичките Станија Златановиќ и Анастасија Зејринова од угоститетлско-туристичката струка на гевгелиската гимназија, се вратија со освоено второ место на меѓународниот натпревар „Туристички пазар“ кој се одржа во Сараево, БиХ.

Учесниците на натпреварот подржан од Минитерството за туризам на БиХ, на саемски штандови се претставувале со традиционални производи од своето поднебје, кои истовремено претставуваат и карактеристичен белег за регионот од кој доаѓаат.

Во конкуренција на екипи од десетина градови од Србија, Хрватска, Македонија и земјата домаќин,Босна и Херцеговина,ученичките од Гевгелија второто место го освоиле со туристичкиот производ насловен „Фестивалот на смоквите од антика до современа реалност“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail