Средствата од државата за културата – поттик за уметниците да ги реализираат своите замисли

370B4DFF-AED5-430E-9974-720B72AF1A83_w610_r1_s-1.jpg

Доближување на европската па и светската сцена е целта на уметниците во државата. Велат дека со се поголемите средства за културата кои ги одвојува ресорното министерство, можат да ги реализираат своите замисли. Пример за тоа е и долгогодишната режисерка Наташа Поплавска која е среќна што конечно се изборила да биде воведен мјузиклот како жанр во на македонската сцена.

Тој предизвик дали сме добиле или не, не движи напред, да одам понатаму како уметник, среќна сум што конечно по големиот мјузикл “Чикаго”, кој за прв пат се изведе кај нас на едно високо ниво, предизвикот ќе продолжи понатаму, за оваа година министерството за култура го одобри мјузиклот “Мама миа”…
Сепак, Поплавска посочува дека поддрката на уметниците не смее да се сведе само на онаа од државата, туку дека треба да има и посебни фондови кои ќе придонесат за развој на домашната култура.
Ние сме се уште млада земја, која за жал поддршката ја добива од државата, наша желба е да има и фондови за култура и други можности, ни недостасуваат фондови кои ќе придонесат за развој на културата…
Младиот режисер, Дамјан Читкушев кој веќе две години работи на проекти вели дека поддршката од државата е големо значење бидејќи за нив тоа значи сигурност и поттик за понатаму.
Задоволен сум од министерството за култура дека ова е поттик за млади режисери како нас и ни овозможува доближување на европската па и светската сцена кај нас…..
Оваа година министерството за култура одвои 15,43 % повеќе средства за проекти, односно 66.427 евра од сите дејности – музичко-сценската, издавачката, ликовната, драмската, музејската, библиотечната дејност, заштитата на културното наследство, меѓународната соработка.
Според информациите од култура, од покрупните проекти, оваа година ќе бидат завршени и промовирани: новата концертна сала за филхармонија, театарот во Струмица, реконструкцијата и санацијата на Албанскиот театар. Ќе продолжат активностите за изградба на Турскиот театар, културно – образовниот центар во Тетово, реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на нови објекти за Драмскиот театар и Театарот „Комедија“, како и реконструкција на  објектот кој го користат установите во Охрид.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail