Српски технолози направија апликација која спречува појава на зависност од телефоните кај децата

kids-with-phones-e1550776091264.jpg

На децата во најрана возраст најмногу внимание им привлекуваат звуците и светлата, поради што подоцна лесно стануваат зависни од употреба на паметни телефони, компјутери или конзоли за играње. За да се ограничи времето кое децата го поминуваат со телефонот во рака технолозите од центарот „Никола Тесла“ во Србија развија апликација која на децата им ја ограничува употребата на телефонот, но и ги поттикнува на други активности.

Кога родителите ќе се обидат на своето дете да му ја ограничат употребата на телефонот на помалку од еден час дневно, неретко се случува да станат негативци во очите на децата. Затоа е создадена апликацијата NTC green.

Апликацијата настанала во рамките на проект кој имал за цел решавање на проблемот со хипервниманието кај децата. Таа на децата им го ограничува користењето на телефонот, но и ги тера да бидат активни. NTC green покажува најдобри резултати кај децата кои по прв пат добиваат паметен телефон за користење.

Меѓутоа, децата не би биле деца ако не успеат да ја прелажат и најсовремената технологија. Покрај апликацијата, во центарот „Никола Тесла“ направиле и верзија за најмладите, која ги учи на основите и на играње само со употреба на три фигури, кија основна идеја е да ги научи децата да го насочуваат вниманието на вистински начин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail