Станува опасно: Робот во фабрика му го здробил черепот на работник

robott.jpg

Робот во фабриката за автомобилски делови во Мичиген убил работничка во одделот за одржување на машините, кога се расипал и и’ го здробил черепот на една од вработените, пренесува Independent.
Ванда Холбрук (57) работела на сервисирање на машините во фабриката Ventra Ionia Main 12 години, се додека неа не ја “здробила роботската машинерија, по што била прогласена за мртва на лице место” во јули, 2015-та година.

Нејзиниот сопруг Вилијам Холбрук поднел тужба за смрт поради негрижа против пет фабрики за роботи во САД: Prodomax, Flex-N-Gate, FANUC, Nachi и Lincoln Electric.

“Одеднаш тој започнал да се движи, ја пробил безбедносната врата помеѓу двата сектора, стигнал до неа и и’ го здробил черепот”..

Еден ден, Холбрук си ја работела секојдневната работа кога одеднаш робот започнал да се помрднува и да се однесува неочекувано па ја изненадил. Одделите се разделени со безбедносни врати кои би требале да го запрат, но роботот некако успеал да стигне до несреќната работничка. Со делот за составување приколка и го здробил черепот. Нејзиното тело го пронашле соработниците откако сфатиле дека нешто не е во ред.

Зад себе го оставила очајниот сопруг, трите деца и внучињата..

Смртта која ја предизвикуваат “расипани” роботи е прилично ретка. Првиот ваков случај на смрт на работник од робот се случи во фабриката на Форд во 1979-та година.

Вилијам Холбрук денес ги тужи петте компании на прозиводство на “непријателски” роботи и тврди дека роботите дизајнирани и инсталирани од страна на компаниите Prodomax, Flex-N-Gate, FANUC, Nachi и Lincoln Electric не се соодветно и доволно добро дизајнирани, произведени или тестирани и не смеат да се продаваат за употреба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail