Стапката на невработеност во САД падна на рекордно ниско ниво

usaaaa.jpg

Стапката на невработеност во април во САД падна на 3,9 проценти, што е најниска стапка во изминатите 17 и пол години.

Според Секретаријатот за труд, во април биле отворени нови 164.000 работни места надвор од земјоделскиот сектор, додека ревизија на податоците од март покажа дека биле отворени 135.000 нови места, место претходно пресметаните 103.000.

Ова е сепак далеку под резултатот од февруари, кога низ САД беа отворени нови 324.000 работни места. Но, поради намалување на бројот на активно население, стапката на невработеност падна на рекордно ниско ниво и покрај ова забавување во отворањето нови работни места.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail