Стапката на слободни работни места изнесува 1.52%

vraboteni-1.jpg

Group of employee people. Business team isolated on white background.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2017 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.52%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 3.15%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 0.10%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.20%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.97%.

Најголем број слободни работни места, односно 2 594, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail