Стартап компанија тренира врани да собираат отпушоци од цигари

vrana.jpg

Знаете ли дека се потребни 12 години за да се разложат отпушоците од цигари? Тоа е голем проблем бидејќи се предмет кој најчесто се фрла на Земјата – годишно околу 4,5 трилиони цигари се фрлаат без никаков обзир за околината. Новиот стартап Crowded Cities има план да ги ослободи улиците од ваквиот отпад, а нивното решение вклучува обука на врани кои ќе ги собираат отпушоците од цигари во замена за храна.

Факт е дека враните се едни од најпаметните суштества во светот. Не само што се способни за решавање проблеми, туку можат да прават и да користат алатки. Холандскиот стартап прави уред кој ќе ги обучува враните да ги собираат отпушоците. Во замена за отпушоците враните ќе добиваат кикиритки.

Уредот CrowBar се базира на дизајн креиран од американски иноватор. Уредот има голема инка каде што се фрлаат отпушоците и диспензер за кикиритки. Компанијата се надева дека враните ќе работат за да добијат храна. Задачата не е невозможна со оглед на тоа дека Crowded Cities има план од четири фази за да ги обучи враните.

Најпрвин машината исфрла храна до отпушок од цигара на мала платформа. Тоа ги учи птиците да очекуваат храна од машината. Потоа машината почнува да исфрла храна само откако птицата ќе слета на платформата. Така враните учат како функционира CrowBar. Трето, машината им дава само отпушок без храна. Збунети птиците ќе почнат да копаат по диспензерот и несакајќи ќе го пуштат отпушокот во инката. Тогаш ќе добијат храна. Четвртиот чекор е да не се користи отпушок за враните сами да побараат во околината.

Стартапот прави прототип за да тестира дали дизајнот ќе функционира или не. Бидејќи цигарите се полни со токсични хемикалии, Crowded Cities ќе го следи здравјето на враните и нивното однесување. Доколку методот се покаже успешен и кај птиците нема последици од токсините на цигарите, можеби во иднина во сите градови ќе има CrowBar.

(Inhabitat)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top