startup-weekend-nastan-od-svetski-ramki-ovaa-esen-vo-skopje-1.jpeg

Оваа есен со задоволство ви најавуваме настан кој ќе го поттикне претприемничкиот дух и ќе им се даде вистинска шанса на  сите што имаат бизнис идеја, да дојдат и тимски да ја развиваат.

Станува збор за Techstars Startup Weekend powered by Google for entrepreneurs кој глобално има повеќе од 2900 настани во повеќе од 660 градови ширум светот. На настанот до сега имаaт учествувано повеќе од 193.000 учесници на глобално ниво со над 20.000 тимови формирани.

Startup Weekend Skopje 2018 ќе се одржи во просториите на CEED HUB од 19ти до 21ви Октомври,  каде се здружуваат, ентузијасти, програмери, маркетинг експерти, студенти, и претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и успешно да ги реализираат. Повеќе информации околу настанот можете да најдете тука.

Зошто да учествувам?

  • Шансата да ја претставиш твојата идеја и да ја претвориш во реален бизнис;
  • Можноста да запознаеш експерти од локална и интернационална бизнис сцена;
  • Да оствариш вистински бизнис контакти и да бидеш дел од најголемиот стартап настан;
  • Да освоиш награди кои ќе ти овозможат понатамошно развивање на бизнис идејата;

 

Кого ќе имам можност да запознаам?

Startup Weekend ќе започне со презентирање на идеите на учесниците и формирање на тимови, кои заедно ќе работат на развивање на идеите. Нивната работа ќе биде поддржана од истакнати професионалци – Петар Лазаров – коосновач на Македонија Експорт, Ryan Chatterton – основач и главен уредник на Coworking Insights, Сашо Јадровски – iOS developer во InScale, Никола Анѓелковиќ – iOS developer во InScale, Мирослав Јанески – главен инженер во Nebb Solutions, Калин Бабушку – коосновач на Македонија Експорт, Иван Зографски – коосновач на Солвео, Стефан Митевски – главен извршен менаџер на Systems for Enterprise, Петар Ниновски – основач и главен менаџер на Brainster.co, Нина Николиќ – intrapreneur, Maрио Петковски – UX/UI дизајнер и front-end developer, Ивана Каралиева – маркетинг менаџер, Теодора Николовска – основач и главен менаџер на Vrootok, Aimee Holland – консултант во AimeHolland.com. Уште многу ментори дополнително ќе бидат објавени.

На крајот на настанот сите тимови ги презентираат своите решенија пред стручно жири – Глигор Дачевски – основач и главен менаџер на DoxTeam, Signe Viimsalu – висок комесар за Естонија за Светскиот форум на бизнис ангелите, Димитар Ковачевски – универзитетски професор на катедрата маркетинг на UACS, Ѓорѓи Кушевски – директор во CEED HUB,  каде победниците ќе имаат можност да ја продолжат да ја развиваат својата идеја и да ја трансформираат во реален бизнис.

Голема благодарност до првите спонзори на овогодишениот Startup Weekend, а тоа се следниве: Solveo, CEED HUB, Brainster, Best Way Investment, Swiss Agency for Development and Cooperation SDS, Backyard, MK Host, Swiss Contact, Пивара Скопје, SPARKASSE BANK. Уште повеќе допрва следуваат.

Не ја пропуштај оваа уникатна шанса за да дојдеш и да ја реализираш твојата идеја и да ги покажеш твоите вештини и познавања, да стекнеш искуство за тимска работа, како и да се запознаеш со голем број на експерти од Се што треба да направиш,  е да си го обезбедиш твоето место со време преку early bird пакетот, а влезница можеш да набавиш овде.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail