СТАТУАФЕСТ: Другото лице на улицата

statua-fest.jpg

На 14 и 15 септември на ул. Македонија со почеток од 18:30ч. па се до полноќ ќе се случува „СТАТУАФЕСТ – Другото Лице На Улицата“, меѓународен фестивал на уличните живи статуи и останатите.

Покрај настапот на живите статуи, свој музички сет ќе има DJ Соња Исмаил, а концерт ќе оддржи познатата група Пепермент, на 14 септември.

Програмата за 15ти септември ќе биде поинаква, паралелно со настапот на живите статуи, музика ќе пуштаат Бојан Чакра, Никола Димитров, Билјана Секуловска, Анте Попоски, Бранка Костиќ, Џабир Дерала и Иво Антов.

Главен покровител на фестивалот е град Скопје, а спонзори се Винарска визба Тиквеш, Меана Б, Цивил, сендвичара Смајли, Пивара Скопје, МДН обезбедување, Ладна вода и Арена Рекордс.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top