Стефан заминал да работи во странство – Наместо 1.000 евра плата преживеал голгота

stefan.jpg

Маж од Белград, Стефан Круниќ, отишол да работи во Полска, а таму наместо да заработи за живот, доживеал хорор.

Српскиот Курир пренесува дека Стефан отишол да работи во една пекара, а на огласот пишувало дека итно е потребен пекар за бурек, пити и колачи, со платено мсестување и добра плата.

– Се јавив и рекоа платата ќе ти биде 1.000 евра и повеќе, ќе имаш и бонуси. Имам петгодишен син, а сопругата ми е бремена, барав гаранција за работата, вели Круниќ кој 13 години е пекар и има добиено и награди за работата.

Таму се се сменило, вели буквално едвај преживувал, му давале 300 евра, а работел во просторија до тоалет, полна со инсекти и глувци. Работел уште една работа за да преживее, цел ден бил на нога и не спиел.

Кога требало да се врати назад, газдата рекол дека ќе го префрли до автобуска, а всушност го качил во автомобил со уште еден маж и му се заканувал.

Стефан вели дека доживеал вистински пекол, а на крај бил и казнет од санитарна инспекција, за кутија цигари во кујната, иако тој не пуши.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail