vlatko.jpg

Охрид во летниот период е еден од епицентрите на Балканот, а тоа особено доаѓа до израз пред празникот Илинден, вели легендарниот Влатко Стефановски, па затоа и годинава се обидел да се смести на сцената среде другите концертни и културни настани.

-Малку амбициозно, малку со желба да се обратам до македонската публика и сите гости што се во моментов во Охрид и да се обидам да го свртам вниманието кон тоа што јас сум го замислил – акустичен концерт со многу гости од целиот регион – Бугарија, Србија, Грција и од Македонија. Амбициозно замислено и се надевам дека сите мои визии утре ќе се остварат, најави тој.

Како што вели, секој има право да бира каква музика ќе слуша, но Охрид е духовно место и светилиште, па подобро е да се сочува како центар на духовност, култура и уметност, а не да се комерцијализира. За неговиот концерт, Стефановски најави дека во фокусот ќе биде новиот албум „Мајчин јазик“, но ќе има и други популарни дела што публиката сака да ги слушне.

-Се обидувам сите гости да се чувствуваат убаво со мене на сцената. Ќе биде возбудливо. Имам оперски диви, етно изведувачи, џез фјужн изведувачи, прекрасни гости. Јас го правам најдоброто што го знам и го умеам во моментов, а колку тоа ќе и се допадне на публиката не зависи од мене, туку од нив, нивниот сензибилитет и вкус, вели Стефановски.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail