Министерството за трговија на Народна Република Кина спонзорира неколку академски програми за 2022 година. Ова е одлична можност за студентите кои сакаат да студираат во Кина или се заинтересирани за културата на Кина.
Деталните информации можат да се најдат на следниов линк, вклучувајќи ги и програмата, начинот на апликација и контакт информации. Линк – https://www.china-aibo.cn/en/info/1005/1283.htm.
Важни работи кои треба да се знаат:
- Апликацијата мора да биде пополнета на начин кој е предвиден во програмата и пред крајниот рок;
- За секое прашање контактирајте го контакт лицето наведено во програмата;
- Апликациите треба да содржат и потврда за неосудуваност;
- Апликацијата и сите документи треба да бидат пратени пред 10 мај на мејл [email protected]
За дополнителни информации контактирајте со Вен Јанинг (ms. Wen Yaning – economic office), тел. 02-3069668, мобилен тел. 071835636, е-mail: [email protected].