Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

mon.jpg

Конкурс за заеднички македонско – австриски научно-истражувачки проекти за периодот 2022 – 2023 година

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност (Slovak National Mobility Programme).

Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високообразовни институции и истражувачки организации, за академската 2021/2022 година.

Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најдоцна до  30 април 2021 година,  до 16:00 часот по централно европско време.

За дополнителни информации може да се обратите директно до:

Ondrej Aradský, e-mail: ondrej.aradsky@saia.sk

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail