mon.jpg

Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија за учебната 2020/2021 година за кандидати од Република Северна Македонија доделува вкупно 20 стипендии, и тоа:

– 7 стипендии за целосни додипломски (BA/BSc) студии, првенствено од областите на инженерските, земјоделските и природните науки, технологија, медицина, економија и општествени науки, во траење од 2 до 4 години;
– 7 стипендии за целосни последипломски студии (MA/MSc), исто така од горенаведените области, во траење од 1,5 до 2 години;
– 2 стипендии за делумни студии во траење од 1 или 2 семестари (one-tier) за магистерски програми од сите области од интерес и
– 4 стипендии за целосни докторски студии (PhD/ DLA) од сите области од интерес, по добивањето на согласност од соодветната високо образовна институција, во траење од 2+2 години.

Доколку студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е кандидатите да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара институцијата домаќин (универзитетот).

Напомена за студентите на додипломски и последипломски студии: Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, прифатените студенти за време на првата година на студии, треба задолжително да посетуваат курс за унгарски јазик, кој го нуди универзитетот каде ќе студираат и мора да го положат испитот на крајот на вториот семестар.

Кандидатите за докторски студии не можат да аплицираат за додипломските студии, последипломските студии и делумните студии ( one-tier master)

Стипендијата за додипломски студии, последипломски студии и делумни студии ( one-tier master) ги покрива следниве трошоци:
– Школарина;
– Месечна стипендија во висина од:
– 43.700 ХУФ (околу 130 eврa)
– Сместување во студентски кампус во институцијата домаќин или надоместок за сместување во износ од 40.000 ХУФ месечно ;
– Здравствено осигурување;

Патните трошоци за патување во Унгарија се на товар на кандидатите.

Стипендијата за дoкторски студии ги покрива следниве трошоци:
– Школарина;
– Месечна стипендија во висина од:
– 140.000 ХУФ (околу 415 eврa) за првата фаза од студии (4 семестри) и
– 180.000 ХУФ (околу 530 eврa) за втората фаза од студии (4 семестри) за период од 12 месеци годишно, до завршување на студиите

– Сместување во студентски кампус во институцијата домаќин или надоместок за сместување во износ од 40.000 ХУФ месечно ;
– Здравствено осигурување;

Патните трошоци за патување во Унгарија се на товар на кандидатите.
Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање, како и листа на студиски програми на државните унгарски универзитети, факултети и колеџи и целосниот текст на Конкурсот (Cal for application 2020-2021) може да се најдат на: https://apply.stipendiumhungaricum.hu/
Контакт е-маил адреса: [email protected]
Начин на аплицирање:

Аплицирањето се врши исклучително по електронски пат. Секој кандидат има можност да аплицира за две различни студиски програми, по избор. Формуларот за аплицирање може да се симне од следната интернет страна https://apply.stipendiumhungaricum.hu/

Комплетниот пакет со потребните документи за аплицирање задолжително се доставува по електронски пат на истата оваа интернет страна, за што online системот е отворен од 26 ноември 2019 до 15 јануари 2020 година, до 23:59 часот.

Освен ова, потребно е секој кандидат истата апликација за стипендија од Програмата Стипендиум Хунгарикум, со сите барани документи на следнава e-mail адреса [email protected] , истовремено да ја достави апликацијата со сите барани документи во архивата на Министерството за образование и наука со назнака:
Програма Стипендиум Хунгарикум – Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката

Контакт е-маил адреса: [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail