Стипендии за додипломски студии на Универзитетот на Кипар

mon.jpg

Стипендии за студии и истражувања во Република Словенија за академската 2021/22 година

Министерството за образование и наука известува дека Универзитетот на Кипар доделува 10 стипендии за додипломски студии (со исклучок на Медицинскиот факултет), за кандидатите кои ќе аплицираат во септември 2021 година.

Секоја стипендија ќе важи за времетраење на студиите од 4 години. Од страна на Универзитетот на Кипар покриена е  50% од школарината.

Стипендистите ќе мораат да следат едногодишен курс за грчки јазик на Школата за модерен грчки јазик на Универзитетот на Кипар (на свој трошок), за да се стекнат со сертификат за ниво B2 пред да започнат со додипломските студии.

Доколку носителот на стипендијата не ги заврши своите студии во рок од 4 години (8 семестри), стипендијата ќе биде прекината и нема да има можност за понатамошно продолжување на истата.

Потребни документи за стипендија:

•        Завршено средно училиште кое е признаено од соодветниот орган за образование во матичната земја;

•        Сертификат за добро познавање на грчки јазик, ниво B2;

•        Потврда за државјанство;

•        Копија од лична карта или пасош;

•        Виза /дозвола за влез;

•        Дозвола за привремен престој.

Сите подетални информации во врска со визата и дозволата за привремен престој може да се најдат на следната интернет страница: www.ucy.ac.cy/internationalsupport/ или преку прашања на  е-пошта: [email protected]

Сите подетални информации во врска со критериумите за стипендија на Универзитетот на Кипар, на следната интернет страница:

http://www.ucy.ac.cy/fmweb/documents/UndergraduateOffice/Kritiria_GCE_gr.en._2020.pdf

Повеќе детали во врска со процесот на аплицирање може да се добијат на телефон: +357 22894021 и е-пошта:  [email protected]

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail