СТИПЕНДИИ ЗА ИСТРАЖУВАЧКИ, ДОКТОРСКИ И ПОСТДОКТОРСКИ СТУДИИ ВО ШВАЈЦАРИЈА ЗА АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА

mon.jpg

Програма за стипендии Мари Склодовска - Кири (MSCFP) на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

Министерството за образование и наука информира дека Федералната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија за академската 2021-2022 година ќе додели најмногу 30 стипендии за докторски, постдокторски студии и истражувања, за студенти од земјите од Централна и Источна Европа и Кавкаските држави, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

Стипендиите се наменети за кандидати кои имаат завршено универзитетски студии со висок просечен успех, за докторски и пост докторски студии и истражувања во сите научни области на некој од државните универзитети или признати институти во Швајцарија.

Конкурсот не предвидува доделување на стипендии за додипломски и магистерски студии.

Апликациите, како и останатите потребни документи може да бидат подигнати од Амбасадата (тел: 02 3 103 300, и преку електронската адреса: [email protected])

Информации за трите вида стипендии, важечки за македонската страна може да се најдат на   интернет страницата на Амбасадата на:   www.eda.admin.ch/north-macedonia .

Потребно е кандидатите да ја достават целосно пополнетата апликација во хартиена оригинална верзија и во копија до Амбасадата на Швајцарија во Скопје, најдоцна до 15 Ноември 2020 година.

 Research Fellowship.pdf

 phd scholarship.pdf

 postdoctoral scholarships.pdf

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail