Стипендии за истражување и уметнички престој во Словачка

Stipendii-za-istrazuvanje-i-umetnichki-prestoj-vo-Slovachka.jpg

Стипендии за истражување и уметнички престој во Словачка

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на стипендии во рамки на Словачката национална програма за стипендирање, наменети за истражување и уметнички престој на словачките јавни универзитети и истражувачки организации во академската 2017/2018 година.

Стипендиите ги обезбедува Владата на Словачката Република и истите во целост ги покриваат трошоците за живот на стипендистот за време на престојот.

Пријавувањето трае до 30 април 2017 година, а повеќе информации за начинот, условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на интернет страницата www.scholarships.sk.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail