Стипендии за јазични курсеви и студирање во Италија

Stipendii-za-jazichni-kursevi-i-studiranje-vo-Italija.jpg

Стипендии за јазични курсеви и студирање во Италија

Владата на Република Италија за академската 2017/2018 година доделува стипендии за македонски државјани, наменети за:

Напредни тримесечни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик;

Едномесечни курсеви за усовршување на италијански јазик за доценти по италијански јазик;

Студии за високо уметничко и музичко образование;

Додипломски редовни студии (само за лицата кои сакаат да ја обноват стипендијата веќе доделена во претходната академска година);

Последипломски студии:

– Магистерски студии;

– Докторски студии;

– Специјализации и

– Други истражувачки активности.

Подетални информации можат да се најдат на веб страницата www.ambskopje.esteri.it, како и во одделот за култура при Амбасадата на Република Италија во Република Македонија.

Крајниот рок за аплицирање е 10 мај 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail