Стипендии за кампањата “И во Македонија се може 3.0 – New Generation Program”

fon-logo-1.jpg

Веќе 12 години Универзитетот ФОН ја спроведува кампањата „И во Македонија се може“. Преку оваа кампања 1000 стипендисти во изминативе 11 години се гордост на Универзитетот.

Стипендистите кои биле дел од оваа кампања се добитници на награди од Обединетите нации, Светска банка, Микрософт, Хјулит Пакард. Истите работат во Европската Комисија, како млади истражувачи на светски универзитети, меѓународни и домашни компании и институции.

Од оваа година Универзитетот ФОН заедно со своите партнери Titanium Capital и John Brademas Foundation ја проширува кампањата за стипендирање на млади умови од Македонија кои се во потрага по меѓународно образование и дипломи.

Стипендистите се ослободени од финансиски обврски за студирање.

Стипендистите на ФОН Универзитет ќе работат под посебен менторски систем со странските професори и експерти од новиот борд на доверба како и со експерти од нашите стратешки партнери Титаниум капитал и фондацијата Џон Брадемас.

Универзитетот ќе ги покрива сите дополнителни трошоци во сферата на неформалното образование и пракса во меѓународни компании.

Стипендистите ќе бидат дел од платформата за доживотно образование.

Селекција на стипендисти:

Прво тестирање – Мај 2020, online полагање на тест кој ќе содржи општо-образовни компоненти. Преку овој тест се утврдува способноста за логицирање, брзо решавање на проблеми и креативноста на кандидатите.

Второ тестирање – Мај 2020, интервју кое ќе биде спроведено со селектираните кандидати од страна на Универзитетска комисија во која членуваат и надворешни експерти од областа на факултетот на кој аплицираат кандидатите.

Процесот на аплицирање е едноставен и потребно е да се пополни следниов формулар. По завршување на процесот на аплицирање, кандидатите ќе бидат контактирани од страна на универзитетот за да добијат понатамошни инструкции пред првото тестирање.

ПОТСЕТУВАМЕ ДЕКА ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ ИМААТ САМО ОНИЕ КАНДИДАТИ КОИ СЕ ОВАА ГОДИНА МАТУРАНТИ.

Аплицирајте овде

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail