Стипендии за најдобрите 210 новозапишани студенти и за студентите Роми на УГД

Stipendii-za-najdobrite-210-novozapishani-studenti-i-za-studentite-Romi-na-UGD.jpg

Стипендии за најдобрите 210 новозапишани студенти и за студентите Роми на УГД

Првите 210 новозапишани студенти кои ќе имаат најдобар успех од средно образование ќе имаат можност да студираат бесплатно во прва година, односно да бидат ослободени од партиципација за првата година од студиите. Останатите трошоци за студии студентите ќе ги покриваат сами.

Студентите од сите факултети ќе добијат стипендии, зависно од бројот на слободни места.  Стипендиите ќе се распределуваат по следниов распоред:

  • Факултет за медицински науки – партиципација за 30 најдобро рангирани;
  • Земјоделски факултет, Економски факултет, Правен факултет, Факултет за природни и технички науки, Факултет за туризам и бизнис логистика и Факултет за информатика – партиципации за првите 20 најдобро рангирани кандидати;
  • Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошко-технички факултет, Факултет за образовни науки и Музичка академија – партиципации за првите 10 најдобро рангирани студенти;
  • Ликовна академија и Филмска академија – партиципации за првите 5 најдобро рангирани студенти.

Воедно, со оваа одлука се ослободуваат од партиципација во прва година и студентите од ромска националност кои ќе се запишат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Сите детали и информации поврзани со уписите на УГД можат да се најдат на следниов линк:

https://www.ugd.edu.mk/index.php/studenti/zapisi-se-na-ugd/527-upisi-2020-21.

 

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail