Стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ

stipendii-feit.jpg

Осум најдобри студенти од ФЕИТ се нови стипендисти на ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО. Со соработката директно ги утврдуваме потребите на стопанството- вели деканот Ташковски. Од компаниите велат дека поддршката за студентите ќе продолжи…

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

За најдобрите студенти е поттик и мотивација да го дадат својот максимум и да продолжат да работат на себе и да се надоградуваат. Ова е велат, признание за вложениот труд и за напорната работа. Трите најголеми енергетски компании ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО доделија стипендии.

Нашите студенти имаат можност и да остварат студентска практика во овие компании и да го надополнат своето теоретско знаење со практично образование, рече деканот на ФЕИТ, Ташковски.

Од компаниите велат, доделувањето на стипендии ќе продолжи.

Ќе ги отвориме вратите за студентите, ќе им дадеме можност за вработување, а тие ќе треба да го дадат најдоброто од себе, велат од ЕВН.

Продолжете со истото темпо во иднина и надоградувајте се, тоа е единствениот пат во животот, ваква порака добија најдобрите студенти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top