Стипендии за постдипломски студии во Јапонија

japan.jpg

Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Monbukagakusho: MEXT) на Јапонија за 2018 – 2020година

Доделените стипендии се наменети за усовршување или последипломски студии.

а) Усовршување: времетраењето на стипендиите е 2 години (април 2018 година – март 2020 година) или 1,5 години (октомври 2018 година – март  2020 година).

б) Последипломски студии – магистратура или докторат (април или октомври 2018година).

Првите шест месеци од престојот се посветени на изучување на јапонскиот јазик.

Стипендиите се однесуваат за усовршување или последипломски студии во сите научни области. На кандидатите не им е дозволено да се усовршуваат или да ги реализираат последипломските студии во Јапонија во област која што не е сродна со областа во која што ги завршиле своите додипломски студии.

Заинтересираните кандидатитреба да ги исполнуваат следните услови:

  1. да се државјани на Република Македонија;
  2. да не се постари од 35 години во времето на отпочнување на престојот во Јапонија;
  3. да имаат стекнато универзитетска диплома, или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2018 година);
  4. да бараат усовршување во својата или сродна научна област;
  5. да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.

Стипендијата вклучува:

  1. месечен надоместок: 143000-145000 јапонски јени;
  2. авионски билет (Македонија –Јапонија-Македонија);
  3. школарина.

Потребни документи за конкурирањево првата фаза:

Пријава

①         Пополнета апликација и две (2) оригинални фотографии (4, 5 x 3, 5 см);

③         Област на студии и Програма за планот на истражување

④         Уверение за положените испити со оцени и просечен успех (оригинал или фотокопија заверена на нотар) и негов превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

⑤         Диплома за завршен факултет (или потврда издадена од факултетот дека кандидатот ќе дипломира до март или сeптември 2017 година – оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

⑥         Препорака од декан или универзитетски професор на англиски јазик (слободен формат или на терк достапен на веб страницата на МОН);

⑧         Абстракт од тезите на англиски јазик (ако кандидатот ги има);

⑨         Препорака од работодавецот на англиски јазик (за кандидатите кои се вработени);

⑩         За кандидати од областа на уметноста или музиката: фотографија на лично изработено дело или снимено музичко дело на ЦД.

Сите документи се поднесуваат во  3 примероци (1 оригинал и 2 обични фотокопии) во архивата на Министерството за образование и наука (поранешна зграда на Нова Македонија – приземје) или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и иновации, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Потребните документи за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации може да се најдат тука.

Лице за контакт: Јулијана Балевска, Сектор за наука и иновации, e-mail: [email protected] тел: +389 2 3140 186.

Краен рок за пријавување: 31 мај 2017 година

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail