Стипендии за спроведување на целосен курс за докторат на високообразовните институции во Бразил

mon.jpg

Стипендии за спроведување на целосен курс за докторат на високообразовните институции во Бразил

Амбасадата на Федеративната Република Бразил во Софија достави известување по дипломатски пат, со кое информира дека “Координацијата за подобрување на персоналот во високото образование“ (CAPES) има објавено понуда за 50 стипендии за спроведување на целосен курс за докторат на бразилските високообразовни институции, во рамки на Договорот за последипломска студентска програма (PEC-PC), за прием во 2021 година.

Подетални информации во врска со аплицирањето може да се најдат следната интернет страница: http://www.inscricao.capes.gov.br

Во прилог e Нотата од Амбасадата на Федеративната Република Бразил во Софија, заради запознавање со  општите  условите и начинот на аплицирање за овие стипендии.

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail