Стипендии за студенти од Република Северна Македонија за студии во Индија

mon.jpg

Конкурс за заеднички македонско – австриски научно-истражувачки проекти за периодот 2022 – 2023 година

Амбасадата на Република Северна Македонија во Њу Делхи известува дека “KITT” (Kalinga Institute of Industrial Technology) нуди 20 стипендии за студенти од Република Северна Македонија (100% бесплатни студии, вклучувајќи престој во посебен интернат наменет за странски студенти во кој е обезбедена и храна).

“KIIT” има воспоставено контакти за соработка со 175 универзитети низ целиот свет. Во интерес на развојот на двете земји, Индија и Северна Македонија, “KIIT” нуди соработка со македонските универзитети, преку размена на студентски програми, соработка на разни програми и проекти од страна на наставниот кадар, учество и организирање на семинари и конференции.

Детални информации во врска со овие стипендии може да се најдат на веб страницата: https://kiit.ac.in/

Контакт е-меил: internationaloffice@kiit.ac.in

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail