Стипендии за студии и истражувања во Република Словенија за академската 2021/22 година

mon.jpg

Стипендии за додипломски студии на Московскиот Државен Институт за Меѓународни Односи ( МГИМО ) при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација

Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија известува дека врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија за соработка во областа на образованието, потпишан на 23 февруари 2016 година во Љубљана, доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанди од Република Северна Македонија на високообразовните институции во Република Словенија за академската 2021/2022 година, и тоа:

1.    Дваесет и четири (24) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните институции во Република Словенија, со поединечно времетраење од 3 до 6 месеци, за кандидати до 26 годишна возраст.

2.    Три (3) едносеместрални стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и

3.    Две (2) стипендии за посета на дво-неделниот летен курс по словенечки јазик за студенти по словенечки јазик  на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Подетални информации во врска со условите, критериумите, потребните документи, начинот на аплицирање и роковите, може да се најдат на следната интернет страница:

https://studyinslovenia.si/news/bilateral-scholarships-2021-22/, а оn-line апликацијата на:

Крајниот рок за доставување на апликациите до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул.„Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје е: 1 март 2021 година.

За дополнителни информации може да испратите меил на: scholarships@cmepius.si   

Лице за контакт од МОН: Александар Тутновски, aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail