Стипендии за студии во Романија за академската 2021/2022 година

Stipendii-za-studii-vo-Romanija-za-akademskata-20212022-godina.png

Стипендии за студии во Романија за академската 2021/2022 година

Министерството за образование и наука информира дека Министерството за надворешни работи на Романија започна програма за стипендирање на странски државјани за академската 2021/2022 година.

Стипендиите ќе бидат наменети за странските државјани кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ, за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација.

Сите потребни информации заинтересираните кандидати ќе можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија: https://www.mae.ro/en/node/10251

Апликациите ќе можат да ги достават во електронска форма до Амбасадата на Романија во Скопје skopje@mae.ro или до Амбасадата на Република Северна Македонија во Букурешт, најдоцна до 30 април 2021 година.

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail