Стипендии за студирање Бахаса уметност и култура на универзитети во Индонезија

ministerstvo-za-obrazovanie3.jpg

Министерството за образование и култура на Индонезија во соработка со тамошното Министерство за надворешни работи во рамки на програмата за стипендии Дармасисва (Darmasiswa Scholarship) нуди стипендии за странски студенти за студирање Бахаса уметност и култура на универзитети по избор на кандидатите во разни градови во Индонезија, за академската 2018/2019 година.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Целта на Програмата Дармасисва е да се промовира и зголеми интересот за јазикот и културата на Индонезија кај младите од земјите со кои Индонезија има воспоставено дипломатски односи, како и да се зајакнат културните врски и разбирање со овие земји.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk). Аплицирањето и поднесувањето на сите потребни документи за овие стипендии е само по електронски пат на интернет-страницата на Програмата Дармасисва www.darmasiswa.kemdikbud.go.id каде што може да се добијат и сите информации за начинот и условите и за потребните документи за аплицирање за стипендијата и нејзиниот износ.

Крајниот рок за аплицирање по електронски пат е 22 февруари 2018 година

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top