Стипендии за студирање во Индонезија

Stipendii-za-studiranje-vo-Indonezija.jpg

Стипендии за студирање во Индонезија

Се информираат сите заинтересирани граѓани дека министерствата за образование и култура и за надворешни работи на Индонезија, во рамки на Програмата за стипендии Дармасисва (Darmasiswa Scholarship) за академската 2017/2018 година обезбедуваат стипендии за странски студенти за студии поврзани со индонезиската уметност и култура на универзитети по избор на кандидатите, лоцирани во Индонезија.

Аплицирањето и поднесувањето на потребните документи за овие стипендии се врши исклучително по електронски пат, на интернет страницата http://darmasiswa.kemdikbud.go.id/, каде може да се обезбедат и дополнителни информации околу износот и условите за користење на стипендијата.

Крајниот рок за аплицирање е 9 февруари 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top