Стипендии за талентирани студенти од македонски компании

gotTalent.png

Талентирани млади лица добиваат можност за стипендирирање од најдобите македонски компании, преку програмата  NewMan’s Got Talenт на „Њуменс бизнис акцелераторот“.

Програмата е креирана да одговори на потребите на младите и да ги поврзе успешните македонски компании со талентирани студенти кои имаат потенцијал да станат врвни професионалци и значајни вработени, соопшти денеска Њуменс бизнис академијата.

До крајот на септември ќе се одржат повеќе обуки и две тестирања од што резултатите ќе се објават јавно. Само најдобрите ќе продолжат во финалето каде што ќе имаат можност да ги презентираат своите квалитети и знаење со цел да освојат до 100 процентна стипендија и шанса за вработување во некои од најдобрите компании во Македонија.

Првото тестирање ќе се одржи во четврток во просториите на „Њуменс бизнис акцелераторот“. Академијата во акцелераторот оваа учебна година ќе понуди 10 програми:  Бизнис академија (корпоративни иновации и претприемништво,  дигитален маркетинг и продажба), tech академија  (front-end Web development, back-end web development,  развој на мобилни апликации, компјутерски мрежи и виртуелизација), како и креативна академија (графички дизајн и бренд идентитет, 3Д моделирање и анимации, како и визуелни ефекти и пост-продукција)

new-mans

Со следење на некоја од академиите, истакнуваат од Њуменс академијата,  се создаваат можности за пракса и вработување во држава, Европа и САД кај компании што ги стипендирале или пошироката листа на партнери и соработници.

Од Њуменс бизнис акцелераторот истакнуваат дека процесот за да се најде вистински вработен и да се биде задоволен со соработката на долг рок е истоштувачки и скап за компаниите,  а во Македонија, посочуваат, се’ уште нема интегриран процес од школување до вработување на сите креативни и талентирани млади луѓе на кои што им треба поддршка за да ги развијат своите вештини.  – Сликата која што ја забележуваме во Македонија е 67,3 проценти невработеност на млади со високо образование, 71,6 месеци во просек од школување до вработување и 40 проценти од вработувањата на младите се на позиции кои што се несоодветни со нивното образование, се вели во соопштението.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.