Стипендии за учество на летни школи по полски јазик

Stipendii-za-uchestvo-na-letni-shkoli-po-polski-jazik.jpg

Стипендии за учество на летни школи по полски јазик

Се информираат сите заинтересирани граѓани дека Бирото за академско признавање и меѓународна размена на Република Полска за 2017 година обезбедува четири стипендии за учество на летни школи по полски јазик, кои ќе се одржат во Бјалисток (05.07-25.07.2017) и Силесија (31.07.-27.08.2017).

Пријавувањето трае до 01.05.2017 година, а кандидатите потребно е до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и иновации, Одделение за меѓународна соработка, (ул. Свети Кирил и Методиј бр.54 Скопје), во два примероци да ги достават следните документи:

– Пополнет формулар за учество на летната школа;

– Кратка биографија;

– Диплома за завршено високо образование;

– За студентите: потврда дека е редовен студент

– Мотивациско писмо.

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Непотполни и ненавремено доставени апликации нема да се земат во предвид.

Лице за контакт – Видановски Гоце ( 02 ) 3140185

Документи:

Пријава

Апликација на полски јазик

Апликација на англиски јазик

Листа на универзитети во Полска

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail